Top Sport

И без Златната топка е најдобар во светот

Златан Ибрахимовиќ, во Милано, ја промовирал својата нова книга „Адреналин“. На промоцијата, новинарите го прашале каквo е неговото мислење за Златната топка. Оваа награда, Ибрахiмовиќ, никогаш не ја освоил.

„Златната топка е убава работа, но за да докажам дека сум најдобар таа не ми е потребна“, рекол Ибрахимовиќ.

Ветеранот, не само што не ја освоил Златната топка, туку никогаш не бил меѓу најдобрите тројца.

Scroll to Top