Top Sport

И Болоња го победи Наполи (Видео)

Нема крај на кризата во која се наоѓа Наполи. Екипата на Карло Анчелоти вечерва загуби од Болоња 1:2. Наполи нема победа во Серија А на последните шест натпревари. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и на теренот мина 64 минути.

Наполи одиграа коректно во првото полувреме. Подобрата игра ја крунисаа со гол во 42 минута. Љоренте најдобро се снајде откако Скорупски го одбрани шутот на Инсиње.

Во второто полувреме Наполи пвооторно беа поактивни на теренот, меѓутоа Болоња ги искористи своите шанси.

Израмни Сков Олсен во 58 минута. Потоа Мертенс и Лозано пормашија добри шанси, а казната Наполи го стигна во 83 кога гол постигна Сансоне.

Наполи постигнаа гол за израмнување во 94 минута, меѓутоа ВАР поради офсајд го поништи голот на Љоренте.

Scroll to Top