Top Sport

Драматична победа на Лестер, Вила зедоа бод кај Јунајтед (Видео)

Лестер забележаа драматична победа над Евертон (2:1), додека Астон Вила освоија бод кај Манчестер Јунајтед (2:2) во 14 коло во Премиер лигата.

Сензационалните шампиони од пред три сезони, фудбалерите на Лестер се зацвртстија на второто место на табелата со победата над Евертон.

„Лисиците“ со драматичен пресврт во последните 20 минути го фрлија Евертон на колена. Ришарлисон го постигна првиот гол на натпреварот во 23 минута. Во 34 минута ВАР ја поништи одлуката наглавниот судија да досуди пенал за Лестер.

Џејми Варди со 13 гол сезонава израмни на 1:1 во 68 минути. Драмата кулминираше во 94 минута кога Ихаеначо постигна гол, кој беше признат откако една минута траеше консултацијата со ВАР.

Лестер се наоѓаат на второто место на табелата со 32 поени, осум помалку од Ливерпул. Од друга страна Евертон се на 17 мести и многу е веројатно дека менаџерот Марко Силва ќе добие отказ.

Манчестер Јунајтед непланирано останаа без два бода во дуелот со Астон Вила. Грлиш постигна одличен гол во 11 минута, а израмни Хитон со авто-гол во 42 минута.

„Црвените ѓаволи“ пресвртот го комплетираа во 64 минута кога гол постигна Линделоф. Радоста на домашните траеше само две минути кога Мингс го постави конечниот резултат.

Scroll to Top