Top Sport

И Бразил и Костарика играа со гостински дресови

Бразил и Костарика својот дуел од второто коло на Мундијалот во Русија го одиграа во гостински дресови, иако за мечот во Санкт Петербург немаше конфликт меѓу нивните домашни дресови.

Бразил, наместо со своите добропознати жолти дресови и сини шорцеви играа со комплетно сини дресови, додека Костарика наместо своите црвени дресови и сини шорцеви играа со целосно бели дресови.

Од ФИФА велат дека одлуката за боите на дресовите се прави според повеќе фактори, меѓу кои секако првиот е боите на дресовите да се разликуваат, но се почитуваат и барањата на тимовите.

„Репрезентациите добиваат информации за боите во април, а се потврдува на координацијата ден пред мечот. Исто така, мораме да земем во предвид дека репрезентациите сакаат да ги користат и домашните и гостинските дресови. ФИФА овозможува секој тим барем еднаш да го носи домашниот и гостински дрес“, објаснуваат од светската куќа на фудбалот.

Фото: ЕПА

Кутињо и Нејмар за „спас“ за Бразил и тешка победа над Костарика

Scroll to Top