Top Sport

И Давид Силва стави крај на репрезентативната кариера

Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва им се приклучи на Андрес Иниеста и Жерард Пике, објавувајќи дека става крај на репрезентативната кариера.

32-годишниот Силва беше дел од шпанската репрезентација која победи на СП во 2010 и ЕП во 2008 и 2012 година, како клучен фудбалер во „златната ера“ на „фуријата“. Тој има 125 настапи за репрезентацијата и 35 гола во 12 години, а поранешниот селектор Висенте дел Боске го има опишано како „шпанскиот Лионел Меси“.

„Не е лесно по сѐ што поминавме заедно да го напишам ова. Неколку дена или недели веќе ја анализирам одлуката да завршам со шпанската репрезентација. Ова е еден од најтешките моменти во мојата кариера. Националниот тим и даде многу и ми дозволи да пораснам како фудбалер и личност“, напиша Силва.

Scroll to Top