Top Sport

Кадетите пред четврт-финале во Сараево

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија стигна до третата победа во низа на ЕП Б-дивизија во Сараево, откако со 99:89 ја совладаа репрезентацијата на Данска и сега по победите над Белгија и Словачка се блиску до четврт-финалето.

Данците имаа предност од 10 поени во втората четвртина, пред нашите момци да се вратат во игра и до полувремето да намалат на 42:46. Во третата четфртина, тимот на селекторот Јованчев направи пресврт (28:19), за до крајот на мечот да ја одржат разликата.

Марко Миловановиќ беше најефиксане со 30 поени, 7 скока и 9 украдени топки, Андреј Андоновски додаде 22 поени.

За сигурен пласман во четврт-финалето потребна е победа над Норвешка, тим кој досега ги загуби сите натпревари.

Scroll to Top