Светската фудбалска федерација (ФИФА) истражува дали има вистина во сомнежите дека претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), легендата Давор Шукер препродавал билети на црно за СП во Русија.
„Уште собираме информации за случајот. Засега немаме коментар, но негеланата продажба на билети е сериозен проблем за ФИФА“, изјави портпаролот на ФИФА за хрватскиот портал „Телеграм“.
Обвинителството на Хрватска исто така добило анонимна пријава дека неколку хрватски репрезентативци не ги добиле своите 40 билети за натпреварите иако за тоа имаа право. Според дојавата, Шукер лично ги земал сите влезници и не им ги дал на фудбалерите, туку ги пуштил во продажба.
Ова не е прв скандал со билетите во Хрватска – славниот ТВ-коментатор Драго Ќосиќ беше „фатен“ како продава билети за финалето на СП по астрономски суми, по што доби отказ од Хрватската радиотелевизија (ХРТ).