Top Sport

И Ди Ливио стана тренер… На поштенскиот тим на Италија!

Поранешниот фудбалер на Фиорентина и Јувентус, Анџело ди Ливио ја доби својата прва тренерска ролја, и тоа на неочекувано место – во официјалниот тим на Италијанската пошта.

Тимот, кој има просечна возраст од 35 години е формиран за да се „зголеми тимскиот дух помеѓу колегите од Посте Италијане“. Ди Ливио ќе дебитира против уште побизарен тим – „Национале Кантанти“, тим составен од италијански пејачи на 31 март, а собраните пари ќе бидат донирани во добротворна организација.

За да се биде дел од тимот на Ди Ливио е потребно да си вработен во националната пошта и да се имаш регистрирано во аматерски клуб.

52-годишниот Ди Ливио имаше над 600 настапи во Серија А во својата кариера, и славно остана во Фиорентина по банкротот на тимот и играњето во ниските лиги. Тој имаше и 40 настапи за репрезентацијата на Италија од 1995 до 2002.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');