Играчот на Челси, Антонио Ридигер, рекол дека не зависи само од него дали ќе остане во клубот по завршувањето на сезоната. Договорот на Ридигер со Челси, според кој заработува 100.000 фунти неделно, истекува на крајот од сезоната.
Челси има намера да го здржи Ридигер, но досегашните преговори за продолжување на соработката не беа успешни. Последната понуда од клубот, која Ридигер ја одби, изнесуваше неделна плата од 200.000 фунти.
Според медиумите, Германецот, барал 225.000 фунти и неколку милионски бонус само за потписот.
Поради финансиските барања на Ридигер од трката за него се повлекоа од Реал Мадрид.
„Овде се чувствувам одлично, секогаш го потенцирам тоа. Според тоа како играм може да се каже дека сум задоволен“, рекол Ридигер и дополнил.
„Сепак и други луѓе треба да донесат одлука“.
Ситуацијата со Ридигер внимателно ја следат Баерн Минхен и ПСЖ.