Лука Јовиќ донесен во Реал за 60 милиони евра за да ја подобри ефикасноста на тимот во шпанската јавност е често присутен поради работи кои не се поврзани со фудбалот. Тој е главна „ѕвезда“ во периодот кога светото се бори со коронавирусот.
Јовиќ е повреден, поради што не тренира, но тоа не му е пречка да ги покани пријателите на скара.
Ова е последна во низата на „несреќи“ кои му се случија на Србинот во последните неколку месеци. Прво, дома во Србија му беше „залепена“ кривична пријава откако него почитуваше карантинот по враќањето од Шпанија, туку веднаш отиде на роденденска забава кај новата девојка (со која го очекува второто дете).
Потоа, кога се „слегна прашината“ и тој се врати во Шпанија, лекарите утврдија дека има скршеница на стапалото (на фотографијата е забележливо дека му е имобилизирана), предизвикана од пад додека бил во Белград.
Реал сигурно ќе го казнат фудбалерот, а веројатно тоа ќе го направи и Ла Лига. Челниците на Ла Лига од шпанската влада добија јасни насоки како да се однесуваат додека се подготвуваат за ре-старт на сезоната. Клубовите мора да ги почитуваат протоколите за социјално дистанцирање.
Доколку Ла Лига го казни Јовиќ тогаш истото ќе мора да го направи и со неговите сонароднци кои се челнови на мадридските клубови Атлетико Мадрид и Хетафе.
Девојката на фудбалерот на Реал, Софија Милошевиќ, објави фотографија на Инстаграм на која Јовиќ се забавува со пријателите во базен. Покрај него тука се и Немања Максимовиќ и Иван Шапоњиќ. и уште еден нивни пријател.
? Lío a pocos días del reinicio de #LaLiga
? Jovic, Maksimovic y Saponjic se saltan las recomendaciones sanitarias y se reúnen sin mascarilla y sin respetar la distancia social para celebrar una barbacoa y disfrutar de un día de piscinahttps://t.co/iemFmCUujj— MARCA (@marca) June 8, 2020