Top Sport

И газдата на Челси воодушевен од „жолтиот ѕид“ во Дортмунд

„Вестфален“, односно поради спонзорски причини „Сигнал Идуна парк“ е дефинитивно еден од најимпресивните фудбалски стадиони на планетата, така што не чудеше што дури и газдата на Челси, Американецот Тод Бели мораше да застане и да ја сними атмосферата од славниот „жолт ѕид“.

Јужната трибина на стадионот, која во европските мечеви е ограничена само на билети со седење (додека во Бундеслигата е дозволено и стоење со капацитет од 24.454), секогаш создава луда атмосфера на мечевит на „милионерите“, и Бели беше импресиониран.

На теренот, пак, останува без голови (0:0) по првите 45 минути. Иако Борусија Дортмунд имаа повеќе посед на топка, Челси беа поопасни со две добри шанси, од кои отскокнува пречката на Жоао Феликс во 39. минута.

И на вториот меч од осминафиналето на ЛШ нема голови – Клуб Бриж на Скот Паркер има 0:0 против Бенфика.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ, 1.ПОЛУВРЕМЕ
Борусија Дортмунд – Челси 0:0
Клуб Бриж – Бенфика 0:0

Scroll to Top