Top Sport

И Герет Саутгејт е опција за кормилар на Јунајтед по крајот на сезоната

На Норвежанецот, Оле Гунар Солскјер одлично му оди на клупата на Манчестер Јунајтед по смената на неговиот претходник Жозе Мурињо, но во англиската јавност не престануваат шпекулациите за тоа кој ќе биде тренер на „Црвените ѓаволи“ по завршувањето на сезонава, ако се знае дека Солскјер е само на позајмица.

Последното име кое исплива е Герет Саутгејт, актуелниот селектор на Гордиот Албион, пишува Скај.
Според информациите, досега немало контакти меѓу селекторот и клубот, но неговата работа со млади играчи, стилот и личните квалитети го вбројуваат како кандидат за кормилар на Јунајтед.

Договорот на Саутгејт со Англија е продолжен во октомври лани, па тој ќе ја води репрезентацијата и на СП во Катар во 2022 година.

Англиски Мирор како опција за прв човек во Јунајтед го споменува и Диего Симеоне. Досега како опција за нов кормилар се шпекулираше и со имињата на Покетино, Зинедин Зиан, Антонио Конте, Масимилијано Алегри и други.

Scroll to Top