Покрај навивачите на Реал Мадрид, тие на Олимпик Марсеј очигледно беа најсреќи од 3:1 победата на „кралевите“ над Пари Сен-Жермен во фантастичниот меч вчера на „Сантијаго Бернабеу“.
Новата елиминација во Лигата на шампионите, значи дека Марсеј останува последниот и единствен европски шампион од Франција (славната титула во 1993 година), нешто што очигледно на југот на Франција се славеше.
Градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан на социјалните мрежи веднаш по вчерашниот пораз постави една ѕвездичка на Твитер, во знак на титулата на Олимпик.
Тој не беше единствениот. Поранешниот напаѓач на ОМ, Брандао на социјалните мрежи објави: „Засекогаш прв и единствен ОМ“.
На сите провокации на социјалните мрежи реагираше заменикот градоначалник, Емануел Грегоар: „Кога Марсеј страда, Париз ќе биде покрај нив. Бидејќи Марсеј е прекрасен град кој заслужува почит. Тоа е спортскиот дух“.
⭐️
— Benoît Payan (@BenoitPayan) March 9, 2022
Quand Marseille souffrira, Paris sera à ses côtés. Parce que Marseille est une belle ville et qu’elle mérite le respect. C’est ça l’esprit du sport. ?
— Emmanuel Grégoire (@egregoire) March 9, 2022