Top Sport

И Мајами доби свој Интер

Поранешниот англиски капитен Дејвид Бекам откри дека неговиот фудбалски тим кој ќе се натпреварува во МЛС лигата ќе го носи името Клуб Интернасионал де Футбол Мајами, или скратено Интер Мајами.

Клубот исто така го откри својот грб, кружно лого со две чапји, симбол кој треба да го го прослави „интернационалниот, различен, инклузивен, креативен и амбициозен дух“ на Мајами. Бекам по долго чекање доби МЛС тим во Мајами во јануари, откако првиот план го објави пред четири години.

„Ова е горд ден за мене и за целиот тим. Вистинска чест е да се открие новото име и грбот на нашите фанови“, изјави Бекам.

Интер Мајами ќе почне со игра во 2020 година на привремена локација додека се гради нивниот стадион со 25 илјади седишта во 2021 година.

Scroll to Top