Top Sport

И Меси шокиран од камбекот на Реал: Престани да се шегуваш, не може да е вистина!

Лионел Меси, кој речиси цела кариера ја помина во Барселона, бил меѓу шокираните фудбалски фанови од драматичниот камбек на Реал Мадрид против Манчестер сити, открива неговиот сонародник, Серхио Агуеро.

Агуеро, инаку најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити, не можеше да верува како Родриго постигна два гола во последните минути од регуларните 90, пред Карим Бензема од пенал во првото продолжение да обезбеди финале против Ливерпул.

Агуеро, кој заедно со уште еден ексфудбалер на Сити, Карлос Тевез, беше гостин на „ЕСПН“ открива дека добил СМС порака од Меси: „Престани да се шегуваш, не може да е вистина!“.

Scroll to Top