Францускиот селектор Дидие Дешам вели дека и тој добро ја познава „навиката“ на Усман Дембеле да доцни насекаде, откако фудбалерот на Барселона беше „казнет“ од Ернесто Валверде откако прво не се појави на тренингот на тимот, а потоа исто така задоцни пред мечот против Бетис.
„Ги знам сите негови изговори кога ќе задоцни. Тој ќе се брани и ќе вели дека не е единствениот. Има навистина лоша навика да доцни, и очигледно нема врска дали се работи за клубот или за репрезентацијата. Мора малку повеќе да внимава на работите кои се секојдневност за фудбалер на елитно ниво. Уште е млад и се надевам дека ќе го разбере тоа, и тоа што е можно побргу. Не можам да се мешам во работата на клубовите, и тие треба да го решат тоа“, вели Дешам.
Дембеле не беше во составот за дуелот со Реал Бетис (кој Барселона го загуби), а се појави на стадионот пет минути пред стартот. Во второто полувреме, тој си дојде на своето место во 49. минута.
Барса не знае што да прави со недисциплинираниот Усман Дембеле