Top Sport

Тео ќе ги одбие Сити и ПСЖ за да остане во Милан

Според италијанските медиуми, Тео Ернандез и покрај интересот од Манчестер сити и Пари Сен-Жермен ќе остане во Милан потпишувајќи продолжување на договорот.

Договорот на Французинот истекува во јуни 2024 година, но Милан веќе почнаа со преговорите за продолжување на договорот откако претходно се „изгореа“ со Џанлуиџи Донарума и Хакан Чалханоглу кои минатата сезона си заминаа како слободни играчи.

Тој во моментов заработува 1.5 милиони евра годишно и според „Калчомеркато“, „росонерите“ се подготвени да му ја удвојат платата на 3 милиони евра, што е многу помалку од сумата која би ја заработувал во Сити или ПСЖ. И покрај ова, преговорите продолжуваат и Ернандез сака да остане на „Сан Сиро“ барем до 2026.

Покрај Ернандез, Милан сакаат да ги обноват договорите и на Алексис Салемакерс, Рафаел Леао и Исмаел Бенасер пред крајот на сезоната.

Scroll to Top