Top Sport

И официјално по 27 години, Пирели си заминува од дресот на Интер

Генералниот директор на Пирели, Марко Тронкети Провер потврди дека од следната сезона, славната италијанска компанија за производство на автомобилски гуми нема да биде на дресовите на Интер.

Пирели е спонзор на дресот на Интер последните 27 години, но тоа ќе се смени од сезоната 2021/22.

„Преговараме со Антонело, Марота и другите директори на Интер, но нема да бидеме спонзори на нивниот дрес од следната сезона. Сепак, врската со клубот ќе остане“, вели Тронкети Провер.

Откако газдите на Интер, „Сунинг“ минатата недела потврдија дека бараат „партнери“ за клубот, во Пирели не се грижат за иднината на „нераѕурите“.

„Фактите се тие – тие имаа финансиска инјекција и компанијата потврди дека е посветена на Интер. Затоа продолжуваат нормално да функционираат“, вели Тронкети Провер.

Scroll to Top