Контроверзниот сопственик на Џенова, Енрико Прециози потврди дека го поставува клубот на продажба, откако ангажираше финансиски советник како помошник за продажбата.
Прециози подолго време сака да се „ослободи“ од Џенова, но ова е првпат официјално да потврди дека популарните Грифоне ќе добијат нов газда.
„Џенова објавува дека консултантската компанија ’Асиета’, која се специјализира во финансиски трансакции ќе биде советник за продажбата на клубот“, се вели во соопштението од Џенова.
Тимот повторно има катастрофална сезона во која уште го нема обезбедено опстанокот по три смени на тренерите. Пред последните два меча од Серија А, Џенова е на само еден поен над зоната за испаѓање.
? Genoa Cricket and Football Club, comunicato stampa ➡️ https://t.co/NIJ2cr1VqO pic.twitter.com/ne8bsRdcmd
— Genoa CFC (@GenoaCFC) May 14, 2019