Top Sport

И Погба се јави: Две сезони без трофеј не се прифатливи

Пол Погба се согласува дека фудбалерите на Манчестер јунајтед мораат да се извинат на своите навивачи за 4:0 поразот од Евертон, кој дојде по 3:0 поразот од Барселона со кој беа елиминирани во Лигата на шампионите.

„Ѓаволите“ се само шести во Премиер лигата, на два поени од четвртото место пред градското дерби со Манчестер сити и Погба вели дека мора да има реакција.

„Би сакал да знам што тргна наопаку со Евертон. Се работеше за детали, за желбата, за храброста и за тоа што го дадовме на теренот. Не сакам да покажам непочитување кон Евертон, но ние покажавме непочитување кон клубот и кон навивачите. Тие го даваат животот за нас, за овој клуб, а тоа што го покажавме на теренот не беше прифатливо“, вели Погба.

Пред дербито на Манчестер, Погба посочи дека е многу важно да се обезбеди Лига на шампиони во моменти кога Сити се бори за титулата во Премиер лигата.

„Двата клуба се во трка за нешто – тие за титулата, ние за ЛШ, така што ќе биде интересно. Ривалството секогаш е тука, дури и кога играв за У-18 тимот. Мораме да играме во ЛШ, против најдобрите клубови на светот. Две сезони во низа без трофеи не се добри за нас“, додава Погба.

Scroll to Top