Поразот на Манчестер јунајтед од Брајтон од 3:2 можеше да се протолкува како само уште еден пораз во долга сезона од Премиер лигата. Меѓутоа, тоа што се случуваше на теренот, од навивачите беше протолкувано како „дефанзивно хорор-шоу“.
На лошиот впечаток се приклучи и капитенот Пол Погба, кој по одличниот меч во првото коло против Лестер, беше очаен, што најдобро покажува неговото додавање до рекламната табла. Ова не помина незабележано од навивачите, исто како и ужасната реакција на Фред, двете покажани подолу.
World Class from Paul Pogba. pic.twitter.com/zjSvakaAxL
— Pys. (@29Role) August 19, 2018
World Class from Paul Pogba. pic.twitter.com/zjSvakaAxL
— Pys. (@29Role) August 19, 2018
Самиот Погба призна дека не бил на потребното ниво.
„Што се случи? Загубивме. Односот кој го имавме, воопшто не заслуживме победа. Не сакавме да победиме. Мојот однос не беше добар, се обидувавме, и на крајот не успеавме. Направивме многу, многу грешки. Навистина разочарувачки“, изјави Погба.