Top Sport

И покрај финансиската криза, ексшефот на Милан, Фасоне си доделил повисока плата

Марко Фасоне најави дека ќе го тужи Милан, откако тој беше отстранет од позицијата генерален директор на клубот од новите сопственици на италијанскиот гигант, американската хеџ-фондација „Елиот менаџмент“.

Поранешниот директор на Интер беше поставен на позицијата од поранешниот кинески сопственик Јонгхонг Ли, но американската компанија постави нов борд на клубот, откако Фасоне одби да даде оставка.

Според „Газета дело спорт“, американската компанија била налутена од фактот што Фасоне си дал големо зголемување на платата и покрај финансиските проблеми на клубот, и дека тој бил дел од амбициозниот план на Ли, според кој очекувале огромни приходи од кинескиот пазар, нешто што беше отфрлено од УЕФА.

Сега, Фасоне, слично како Јонгхонг Ли, планира на суд да бара компензација за своето отстранување.

Scroll to Top