Top Sport

И покрај интересот на Милан и Интер, Скамака продолжи со Сасуоло!

Џанлука Скамака го продолжи својот договор со Сасуоло до 2026 година и покрај шпекулациите дека е блиску до трансфер во Интер и Милан во текот на летниот преоден рок.

23-годишниот напаѓач е еден од најценетите млади фудбалери во Серија А оваа сезона, и според многумина ќе биде замена за Чиро Имобиле во италијанската репрезентација, а Интер и Милан ќе треба да се потрудат (односно да платат повеќе) ако сакаат да го земат од Сасуоло.

Скамака има 13 гола во 30 меча во Серија А оваа сезона за „нероверди“.

Scroll to Top