Top Sport

Бизарен меч во Монте Карло – Бублик со неверојатно откажување

Казахстанскиот тенисер Александер Бублик направи бизарно шоу на Мастерсот во Монте Карло, каде што имаше чудно откажување од мечот против Шпанецот Пабло Карењо Буста.

36-рангираниот Бублик го елиминираше Стен Вавринка на турнирот, по што бизарно изјави дека има „омраза“ кон земјените терени,  но тоа не беше ништо од случувањата на мечот со Карењо Буста.

24-годишниот Бублик имаше одличен старт на мечот, пред да има три бизарни сервиси „под рака“, за да сервира за победа при 6:4/5:4, пред Карењо Буста да израмни во тај-брејк. Во одлучувачкиот сет, кога почна да губи со 3:4, Бублик по една двојна сервис грешка, отиде кај судијата и го предаде мечот.

Scroll to Top