Герет Бејл постојано беше на мета на шпанските медиуми блиски на Реал Мадрид и на навивачите на клубот, но, и покрај тоа го доби заслуженото, откако „кралевите“ го поместија на секцијата „легенди“ на нивниот веб-сајт.
Велшанецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ од Тотенхем за 85.1 милиони фунти во 2013 година и постигна 106 гола во 258 настапи, вклучувајќи ги клучните голови во финалињата на Лигата на шампионите во 2014 и 2018 година. Тој си замина по крајот на договорот со пет титули од ЛШ, три од Ла лига, три од Суперкупот на УЕФА и три светски клупски титули.
Со вкупно 16 трофеи со „кралевите“, тој барем доби аплаузи при прославата на титулата од Лигата на шампините во Шпанија, а клубот го смести во категоријата на „легенди“ покрај Алваро Арбелоа, Анхел Атиенза и Хуан Бегур, а меѓу „легендите“ беа сместени и Марсело и Иско.