Top Sport

И порно-дивата Миа Калифа ги трола: Навивам за било кој тим, само против Арсенал

Поранешната порно-ѕвезда Миа Калифа на социјалните мрежи ги „истрола“ навивачите на Арсенал, откако во текот на викендот беше гостин на Ватфорд за дуелот со „топчиите“ иако претходно тврдеше дека навива за Вест хем.

26-годишната Калифа беше посебен гостин на клубот, доби дрес на Ватфорд и беше во посета на соблекувалната.

„Не ми се верува дека имав шанса да ги видам Ватфорд во живо против Арсенал. Иако беше само реми, беше ’електрично’“, напиша Калифа на Инстаграм заблагодарувајќи се на спонзорите кои и помогнале.

Но, откако на социјалните мрежи се појавија многу коментари откако таа претходно беше гостин и на Вест хем (исто така против Арсенал), таа ја разјасни ситуацијата.

„Искрено, навивам за било кој тим кој игра против Арсенал“, напиша Калифа на Твитер.

Оваа порака и донесе многу нови фанови со речиси 30 илјади лајка на Твитер.

Scroll to Top