Top Sport

Конте: Италијанците се опседнати со тактики и формации, во Англија не им е гајле!

Антонио Конте го критикуваше италијанскиот печат поради нивната фиксација со „формации и тактики“, нешто за што на пример во англиската Премиер лига „не им е гајле“.

Конте го започна владеењето со Интер со тројца дефанзивци и се налути кога го прашаа дали ќе се префрли на одбранбена линија со четири фудбалери против Славија Прага во утрешниот меч од Лигата на шампионите.

„Сакате да кажете дека јас сум повеќе тренер за лиги, отколку за Европа? Живеете со такви клишеа. Ако некој нешто каже на ТВ, сите одат како слепци по тоа. Играв во три ЛШ, но секогаш со нов тим. Некои тука мислат дека ќе победувам со секој тим, но тоа не е вистина. Само во Италија сме фокусирани на формации. Кога бев во Англија, воопшто не им беше гајле, туку само сакаа да видат храброст и интензитет на игра  Другото е ѓубре. Модерниот фудбал постојано се менува и ентузијазмот не е врзан со резултатите туку со планот кој го имаме. Рим не е изграден за еден ден“, изјави луто Конте.

Scroll to Top