Top Sport

„И понатаму мислам дека нема подобар од Де Хеа“

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Соскјер рекол дека нема да го критикува голманот Давид Де Хеа за голот што го прими во петокот против Тотенхем.

Тотенхем и Јунајтед одиграа 1:1, првиот гол го постигна Брегвајн кој најпрвин ги измеша Мегвајер и Шо, а потоа го совлада Де Хеа кој лошо реагираше при неговиот удар.

По мечот се огласи поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед Рој Кин со зборовите дека „дека би го задавил Де Хеа“.

„Мислам дека не е лош податокот кога на седум натпревари ќе примите два гола, а сте играле против Сити, Челси, Тотенхем и Евертон. Можеби во петокот можеше да одбрани, а можеби и не можеше. Тој често е нашиот спасител, но овозможува да победуваме. И понатаму мислам дека е најдобриот голман во светот“, рекол Солскјер.

Манчестер Јунајтед во 31 коло ќе игра против Шефилд Јунајтед. Натпреварот се игра утре на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top