Францускиот весник „Ле паризиен“ тврди дека Масимилијано Алегри бил првиот избор за нов тренер на Пари Сен-Жермен, но францускиот гигант решил да го ангажира Маурисио Почетино поради барањето за огромна плата на италијанскиот стручњак.
Алегри, поранешниот тренер на Милан и Јувентус, е без работа откако во 2019 година си замина од Јувентус, и италијанските медиуми шпекулираа дека учи англиски јазик за трансфер во некој голем премиерлигаш.
Според „Ле паризиен“, по одлуката да му дадат отказ на Томас Тухел на 24 декември, спортскиот директор Леонардо го имал во план Алегри како следен тренер, но тој барал дури 12 милиони евра годишна плата, што и за богатиот клуб било премногу. Шпекулациите во Англија пак, велат дека тој сега е прв кандидат да го замени Френк Лампард на клупата на Челси.