Пари Сен Жермен (ПСЖ) не сака да го ангажира напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо. Португалецот пред десетина дена им соопшти на челниците на јунајтед дека сака да го смени клубот, но факт е дека сега се најде во непријатна позиција, никој не е заинтересиран за него.
Како што пренесува „ЕСПН“, во Париз не веруваат дека доаѓањето на Роналдо би имало позитивен ефект. Кај Французите постои оправдан страв пред се како би се вклопил во тимот.
Пред нив, можноста да го доведе Роналдо ја отфрли и Баерн, кој веќе ги ангажираше Садио Мане и Рајан Гравенберг.
Како најблиска опција се споменуваше Челзи, но тие го ангажираа Рахим Стерлинг на и се обидуваат да ги доведат Серж Гнабри од Баерн и Ентони од Ајакс.
Роналдо се уште е во Португалија бидејќи го пропушти почетокот на подготовките на Манчестер јунајтед поради семејни проблеми.
Неизвесно е дали и кога ќе се приклучи на тимот кој веќе отпатува за Австралија.
И без Роналдо „црвените ѓаволи“ го победија Ливерпул со 4:0 (3:0) на првиот пријателски натпревар во Бангкок во вторникот.