Top Sport

И Рома и Лацио го сакаат Синиша Михајловиќ на клупата

Српскиот стратег, Синиша Михајловиќ направи мало чудо со тоа што успеа Болоња да ја спаси да не отиде во Серија Б. И не само тоа, Болоња крајот на првенството го дочека на пристојното 10-то место на табелата со 44 освоени бодови.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, заинтересирани за неговите услуги се лутите римски ривали, Лацио и Рома.
Стратегот на Лацио, Симоне Инзаги не сака да го продолжи договорот со „небесно-сините“, додека пакм запнаа преговорите меѓу раководството на „волчицата“ и стратегот на Аталанта, Гасперини.

Михајловиќ во својата играчка кариера во Италија настапуваше и за двата римски клуба.

Во Рома дојде од Црвена Звезда во 1992 година и дресот на „волчицата“ го носеше две сезони.

За Лацио настапуваше од 1998 до 2004 година и притоа успеа да го освои Скудетото.

Scroll to Top