Top Sport

Медиумите го враќаат Нејмар во Барселона

Барселона и ПСЖ ги започнале преговорите околу можното враќање на Нејмар на „Ноу Камп“ објавија медиумите во Каталонија. Нејмар во 2017 замина од Барселона во рекорден трансфер од 222 милиони евра.

Медиумите во Каталонија тврдат дека преговорите помеѓу клубовите биле во напредната фаза. Според истите извори Барселона за Нејмар го понудиле Усман Дембеле и одредена сума на пари.

Дембеле истото лето кога Нејмар замина во ПСЖ пристигна во Барселона за сума ос 140 милиони евра, но не успеа да ги исполни очекувањата.

Ова не е прв пат Нејмар да се поврзува со враќање во Барселона, а неодамна медиумите пишуваа дека за неговите услуги се интересираат и од Реал Мадрид.

Дембеле бил заинтересиран да се врати во Франција, каде има настапувано за Рен, а Нејмар нема ништо против повторно да игра со Меси и Суарез.

Единствен проблем поради кој би можела да пропадне „операцијата Нејмар“ се лошите односи помеѓу клубовите.

Scroll to Top