Top Sport

И Сампдорија има свој Роналдо!

Не е претерано да се каже дека Јувентус со одлуката да го донесе Кристијано Роналдо направи вистински „бум“ во Серија А. Но, и другите тимови имаат свои адути. Некои од нив, исто така, се викаат Роналдо.

Сампдорија најавија дека имаат свој Роналдо, откако го обезбедија 20-годишниот Роналдо Виера од Лидс јунајтед, и го искористија тоа за совршена презентација. Тимот од Џенова реши да ја имитира презентацијата на славниот Роналдо во Јуве, пишувајќи дека Роналдо потпиша за Самп.

Роналдо Виера е роден во Гвинеја Бисау, но е англиски репрезентативец во У-21 селекцијата. Тој имаше 68 настапи за Лидс последните три сезони за Лидс јунајтед.

Scroll to Top