Top Sport

Српската полиција ги уапси навивачите на Хајдук

Српската полиција во петокот навечер на влез во Ниш ја сопре колоната од 400-тината навивачи на Хајдук кои се враќаа од Софија по мечот од квалификациите за ЛЕ (каде што победија со 3:2), по што уапси 32 хулигани кои учествуваа во кражбата на пијалоци од бензинска пумпа кај Врчин.

Кај 28 од навивачите се пронајдени дел од украдените артикли, а кај другите биле пронајдени секири, палки, факли и мало количество на дроги.

„Во полициската станица во Ниш и Гроцка се приведени 32 навивачи кои ќе бидат предадени на обвинителството и судијата за прекршоци. За ова е предвидена затворска казна од 30 до 60 дена“, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

Торцида дивееше во Србија на пат до Софија

Scroll to Top