Формата на Манчестер јунајтед обично ги расплакува и фрустрира навивачите на клубот, но легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон можеше само да се насмее кога неговиот клуб го прими вториот гол за по само 20 минути игра да губи со 2:0 на гостувањето кај Саутемптон.
Тимот на Жозе Мурињо евентуално се врати за 2:2 реми, кое сигурно нема да ги задоволи навивачите, меѓутоа интересно е да се види реакцијата на легендарниот тренер откако Јунајтед сега заостануваат дури 13 поени зад лидерите Манчестер сити.