Top Sport

Вајлдер со реми ја одбрани титулата (Видео)

Во епски меч за шампионскиот појас во тешка категорија, во верзијата ВБЦ, по 12 рунди, Дионте Вајлдер и Тајсон Фјури, боксуваа нерешено. Тоа значи дека Вајлдер успеа да ја одбрани титулата.

Фјури, беше подобар во поголемиот дел од мечот, забележителна беше неговата желба за победа. Тој собираше бодови и на тој начин чекаша да го заврши мечот. Меѓутоа, Вајлдер, во 12.рунда, тргна агресивно, свесен дека со само еден удар, може да поништи се она што Фјури го градел дотогаш.

Веднаш го фрли на подот својот противник. Ударот остави траги врз Британецот, кој сепак успеа да стане. Фјури повеќе не падна, но трпеше сериозен притисок. На крајот, во последните три минути, Фјури успеа да го изгуби сето она што го градеше во претходните 11 рунди.

Судиите беа поделени. Алехандро Рочин од Мексико гласал 115:111 за Вајлдер, Роберт Тепер од Канада 114:110 за Фјури, а Фил Едвардс од Велика Британија 113:113.

На тој начин Вајлдер остана шампион во ВБЦ верзијата, кој во оваа верзија успешно ја брани титулата од 2015 година.

Scroll to Top