Лега Серија А одлучи италијанскиот шампион да се откаже од предвиденото враќање на 2 мај, што значи дека лигата е одложена на неопределено време додека „здравствените услови“ не го дозволат враќањето.
Ова е резултат на состанокот на Лигата со Синдикатот на фудбалери (АИЦ) за да се разгледаат плановите за продолжување на сезоната и намалување на платите поради пандемијата на корона вирусот. Иако за платите нема постигнато договор, Серија А преку соопштение потврди дека слично како и Премиер лигата, сега паузата е на неопределено време.
„Собранието на Лега Серија А се оддржа со присуство на сите 20 клубови преку видео-конференција, а по преговорите со УЕФА, стана јасно дека спортските натпреварувања ќе можат да продолжат само кога здравествените услови ќе го дозволат тоа, бидејќи во прв план треба да биде здравјето на фудбалерите и на публиката“, се вели во соопштението на Серија А.
Во исто време, претседелот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина тврди дека Јувентус ќе ја одбие титулата доколку шампионатот биде прекинат. Јувентус има еден поен предност на табелата пред Лацио.
„Откажувањето на сезоната би било компликувано и многу неправедно. Скудетото би требало да биде доделено, а Јувентус не сакаат такво решение“, изјави Гравина.