Top Sport

И со нови тренери, Леванте и Хетафе ќе почекаат за првата победа оваа сезона

Леванте и Хетафе, двата тима со нови тренери на клупата, одиграа здодевно и неинтересно 0:0 реми во 9. коло во шпанската Ла лига по кое и двата тима остануваат без победа и ги очекува грчевита борба за опстанок.

Хавиер Переира стана нов тренер на тимот на Енис Барди (кој уште е во аут со повреда), Леванте, додека Кике Флорес Санчез по третпат се врати на клупата на Хетафе, но тие не успеаја да ги инспирират своите фудбалери да тргнат на победа во бледиот меч.

Двата тима остануваат во зоната за испаѓање – Леванте има 5 поени на 18. место, додека Хетафе се последни со само 2 освоени поени.

Scroll to Top