Top Sport

Челси се намачи во Брентфорд во првото соседско лигашко дерби по 74 години

Челси се врати на првото место во Премиерлигата иако имаше тешка задача да стигне до неубелдива 1:0 победа над блиските лондонски соседи Брентфорд, во првата лигашка пресметка меѓу двата клуба по 74 години.

Новите премиерлигаши Брентфорд се едно од најпријатните изненадувања во новата сезона, и уште еднаш покажаа дека секој кој ќе гостува на „Комјунити“ стадионот ќе има тешка задача да освои поени.

Бен Чилвел во 45. минута постигна убав гол од далечина, кој беше доволен за три поени на тимот на Томас Тухел, со кои се на првото место на табелата со 19 поени, еден пред Ливерпул и два пред Манчестер сити.

Брентфорд кои во второто полувреме имаа повеќе шанси (10-1 во удари кон голот) и еднаш ја погодија стативата, немаа среќа и на крајот остануваат на седмото место по само вториот пораз оваа сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top