Top Sport

И Тен Хаг бил под казна, истрчал 14 километри со играчите

Ерик тен Хаг, менаџерот на Манчестер Јунајтед, воведе конкретни методи на работа, но сепак изненади многумина во клубот. Холанѓанецот, кој во јуни го презеде кормилото на клубот од „Олд Трафорд“, во понеделникот ја постигна првата победа во Премиер лигата, во дербито против Ливерпул од 2:1.

Пред тоа Јунајтед одигра два лоши натпревари, загуби од Брајтон дома со 1:2 и од Брентфорд на гости со 4:0.

По тој натпревар во Брентфорд, менаџерот Тен Хаг им го откажа слободениот ден на играчите и им нареди да дојдат на дополнителен тренинг.

На тренингот играчите по казна мораа да истрчаат 13,8 километри, бидејќи толку километри повеќе истрчале фудбалерите на Брентфорд.

Англиските медиуми пренесуваат дека играчите полуделе кога слушнале дека тренинзите ќе започнат со трчање на температура од над 30 степени.

Сепак, сите биле шокирани кога виделе дека и менаџерот Тен Хаг ќе трча со нив.

Очевидци велат дека Холанѓанецот бил целосно исцрпен по тие 13,8 километри, но на овој начин сакал да покаже дека и тој е под казна, бидејќи колективно потфрлиле на мечот со Брентфорд.

Колку вредеше тој потег можеше да се види против Ливерпул, бидејќи Јунајтед во однос на претходните два меча изгледаше многу подобро на теренот.

Scroll to Top