Пол Погба неочекувано му се заблагодари на менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, за довербата која ја имал во него при изведувањето на пенали во мечот од ЛШ против Јанг Бојс.
Погба утна еден пенал во Премиер лигата, и многумина не беа сигурни во одлуката на Мурињо повторно тој да изведува пенал, но Французинот вели дека е благодарен што ја задржал довербата на Мурињо.
„Јас не се сомневав во моите способности за пеналите. Знам дека го утнав тој еден пенал и дека Џо Харт ме ’фати’ тогаш, но не ја повторувам грешката. Ја имав поддршката не само од фудбалерите, туку и од менаџерот и за тоа сум благодарен“, вели Погба.
Односите на Погба со Мурињо беа анализирани „до смрт“, но по сѐ изгледа тие доволно ги надминале разликите за барем да функционираат во тимот. Погба постигна два гола и асистираше на третиот во 3:0 победата на гости во Швајцарија и Мурињо вели дека е горд за него.
„Ми се допаѓа кога фудбалерот има храброст да изведува пенал откако ќе промаши. Тоа е одлично. Против Барнли не беше најдобар, но следниот пенал, застана на вистинското место, даде гол за 2:0 и го освои мечот за нас“, изјави Мурињо.
Фото: ЕПА