Top Sport

И во Борусија Дортмунд шокирани од сметката за струја!

Додека чекаме рестрикции на струја и во Македонија, доаѓа веста дека Борусија Дортмунд, еден од најголемите германски клубови ќе преземе мерки за штедење, откако во клубот биле шокирани од најновите сметки и покрај својот буџет.

Според „Билд“, „милионерите“ доживеале „милионерски шок“, бидејќи досега плаќале околу 4 милиони евра годишно за струја, сума која сега ќе скокне на 10 милиони евра.

„Нашиот клуб одамна презеде драстични мерки на штедење. Целт е да се намали потрошувачката на електрична енергијаа за 15-20 отсто“, изјави директорот на клубот, Карстен Крамер.

Борусија веќе одлучи стадионот да не биде осветлен навечер, а исто така ќе биде изгаснато и огромното светлечко лого на тимот. Тие исто така ќе го намалаат и греењето на стаионот, како и осветлувањето.

Борусија не се единствениот германски клуб со вакви мерки – второлигашот Нирнберг веќе одлучи дека нема да играат вечерни натпревари за да не ги палат рефлекторите.

Scroll to Top