Вејн Руни е легенда на Манчестер јунајтед и најдобар стрелец во историјата на клубот, но тоа не беше доволно обезбедувањето на „Олд Трафорд“ да го пушти Англичанецот без претресување на првиот домашен меч на Оле Гунар Солксјер на чело на клубот против Хадерсфилд таун.
Руни, кој замина во Ди Си јунајтед во американската МЛС лига, беше фино претресен пред влезот на стадионот, само 18 месеци откако го носеше славниот дрес. Поранешниот капитен на Англија 13 години беше во Јунајтед.
Wayne Rooney comes back to Old Trafford and gets a warm welcome! pic.twitter.com/XJgFPSLW6z
— FootballFunnys (@FootballFunnnys) December 26, 2018