Top Sport

Столе Димитриевски рамо до рамо со Меси – во идеалниот тим на колото во Примера

Првата опција на голот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски го заслужи и првотимскиот статус во неговиот клуб, Рајо Ваљекано, па поради добрите партии, резултатот е веќе очигледен.

Димитриевски со Рајо во последното коло пред своите гледачи победи со 2-1 против Леванте на Енис Барди, а нашиот голман на мечот се претстави во одлично издание.

Поради тоа Димитриевски за најде во идеалниот тим на колото во изборот на „Fichajes.com”, рамо до рамо со Меси, Дембеле и останатите

Освен Димитриевски, останатата најдобра постава за ова коло ја сочинуваат: Морено, Бернардо, Омеруо, Пичини, Плањо, Џордан, Весга, Калери, Меси и Дембеле.

Scroll to Top