Top Sport

Иако имаа лут конфликт, Себалјос вели дека има „добри вибрации“ со Гави

Клупските настапи и настапите за репрезентацијата се сосема различни работи, и ова ќе треба да го покажат Дани Себалјос и Гави по нивниот остар конфликт за време на неделното „Ел класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Себалјос инсистира дека е пријател со фудбалерот на Барселона и дека има само „добри вибрации“ и покрај инцидентот во 78. минута, кога откако Себајлос го турна Роберт Левандовски, 18-годишниот Гави се „удри“ во неговиот сонорадник. Потоа исто така, Ова не беше првпат двајцата да се во неспортски конфликт – за време на финалето на Шпанскиот Суперкуп, Себалјос го тегнеше Гави за коса.

„Ние доаѓаме од два града кои се многу блиски. Тој живее на само 10 километри од мене, а знаете какви сме ние од југот. Многу жешки во главата. Нема проблем. Веќе разговаравме за тоа, а работите кои се случуваат на теренот останувааат таму. Одиме во иста насока, има добри вибрации. Сега ќе сме партнери“, вели Себалјос.

Scroll to Top