Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ вториот дел од минатата сезона имаше големи проблеми со повредите. Така се продолжи и на почетокот на оваа сезона.
Досега одигра само половина час во „црвено-црниот“ дрес, на мечот против Лацио (победа 2-0), но поради нова повреда го пропушти синоќешното дерби на „Енфилд“ против Ливерпул (пораз 3-2).
„Росонерите“ ги очекува големото дерби во Торино против Јувентус. Швеѓанецот се уште не е сигурен дали ќе биде на располагање.
„Се уште не сум сигурен. Се опоравувам, но одам ден по ден. Не е тајна дека имам проблем со тетивата и не сакам да си ја влошам ситуацијата“ рече Ибрахимовиќ.
Потоа следуваше изјава во негов стил:
„Сакам да сум во форма целата сезона, мора да се чувам, не сум Супермен. Проблемот е што многу и тешко работам и уживам во болката“.