Познато е во фудбалскиот свет дека Златан Ибрахимовиќ има големо его, но во разговор со Тијери Анри го изненади и легендарниот француски фудбалер.
Поранешниот напаѓач на Арсенал, Анри, работи како стручен коментатор на „Скај Спорт“ и за потребите на телевизијата разговарал со Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ како домаќин му бил водич на Анри низ тренинг центарот на Јунајтед. Во таа прилика Анри забележал дека на ѕидот на кој се истакнати многу легенди на Манчестер Јунајтед нема мурал на Ибрахимовиќ.
„Знав што ќе ме прашаш. Ќе биде наредната година…моја слика, рекол Ибрахимовиќ, а Анри дополнил: „Не е на ѕидот. Имам многу простор околу“.
Одговорт на легендарниот шведски напаѓач предизвикал смеа кај Анри.
„Знаеш зошто ме нема? Тие се уште не знаат како изгледа Бог“.
Ибрахимовиќ не игра за Јунајтед од април годинава, кога на дуелот во Лига Европа против Андерлехт, се здоби со тешка повреда на коленото. Во меѓувреме тој го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“ и се очекува на терените да се појави некаде во декември.