Top Sport

Ибра и Лукаку на мурал во близина на „Сан Сиро“

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку, имаа жестока вербална расправија, пред еден месец, кога Интер и Милан играа во четврт-финалето на Купот.

Двајцата најдобри во своите тимови си разменија тешки зборови, а можно е дека и физички ќе се пресметаа доколку не реагираа нивните соиграчи.

Фотографиите од нивната расправија молскавично се раширија на социјалните мрежи, а денес овие двајца извонредни напаѓачи добија свој мурал.

Вербалната расправија еден уметник ја искористил за да наслика мурал на ѕид на објект кој се наоѓа веднаш до стадионот на кој своите натпревари ги играат Интер и Милан.

 

Scroll to Top