Top Sport

Барса го декласира Реал и го освои шпанскиот Куп

Кошаркарите на Барселона победија на завршниот турнир во Купот на Кралот. Барселона во финалето го победи најголемиот ривал Реал со 88:73.

Екипата на Шарунас Јасикевичиус доминираше од првата до последната секунда против најголемиот ривал.

Барса првата четвртина ја завршија со предност од девет поени, во овој период Реал постигна само 11 поени. Во втората четвртина Барселона постигна 32 поени и на полувреме заминаа со предноста од 21 поен.

Играчите на Реал се обидоа да се вратата во вториот дел, меѓутоа разликата беше преголема. Реал намали на 14 разлика во третиот период но немаа ниту сили, ниту доволно квалитет во ротацијата за да направат пресврт.

Барселона до победата ја предводеа Хигинс со 20, Смитс со 13, односно Миротиќ и Калатес со по 12 поени.

Најефикасни во редовите на Реал беа Таварес со 17 и Абалде со 15 поени.

Scroll to Top