Top Sport

Ибра најавува нова книга: Сакам да го откријам своето најдлабоко ЈАС

Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 40 години и јубилејниот роденден ќе го прослави со издавање на нова книга во животот.

„Веќе кажав се за моето минато, во оваа книга откривам се останато“ рече Швеѓанецот со босански корени.
Италијанска „Gazzetta dello Sport“ тврди дека книгата ќе е поразлична од претходните.

„Ако ви се допадна Ибра од Сан Ремо, ќе го најдете овде. Постојат моменти од животот и од спортот кои никогаш поран не сум ги открил. Со 40 години сакам на светот да му го откријам своето најдлабоко ЈАС, својата вредност и стогите животни правила, моментите поради кои станав најдобриот играч во светот“ порача Златан Ибрахимовиќ.

Во богатата кариера играше за Ајакс, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Интер, Јувентус, а моментно е член на Милан.

Освои многу титули, освен трофејот во Лигата на шампиони.

Scroll to Top